Банкарскиот систем се покажа успешен на стрес-тест симулациите

Bez autora
Oct 27 2011

Банкарскиот систем во Македонија постојано одржува релативно висока и стабилна солвентност и капитализираност, а стапката на адекватност на капиталот на крајот од првото полугодие изнесувала 16,5 отсто. Ова било констатирано на денешната седница на Советот на Народната банка на Република Македонија (НБМ). Спроведените стрес-тест симулации покажуваат задоволителна отпорност на банкарскиот систем на различни шокови, при што адекватноста на капиталот при сите симулации е над законскиот минимум од осум отсто. Вкупната актива на банкарскиот систем на 30 јуни изнесувала близу 317,2 милионa денари (5,1 милијарди евра) што претставува годишен раст од 12,3 отсто. Депозитите на нефинансиските субјекти се сѐ уште најзначајниот извор на финансирање на активностите на банките, со остварен квартален и годишен раст од 1,8% и 9,6%, соодветно. Кредитната активност оствари квартална стапка од 3%,, односно годишна од 8,8% .

Банкарскиот систем се покажа успешен на стрес-тест симулациитеБанкарскиот систем во Македонија постојано одржува релативно висока и стабилна солвентност и капитализираност, а стапката на адекватност на капиталот на крајот од првото полугодие изнесувала 16,5 отсто.

Ова било констатирано на денешната седница на Советот на Народната банка на Република Македонија (НБМ).

„Спроведените стрес-тест симулации покажуваат задоволителна отпорност на банкарскиот систем на различни шокови, при што адекватноста на капиталот при сите симулации е над законскиот минимум од осум отсто“, стои во соопштението на НБМ.

Вкупната актива на банкарскиот систем на 30 јуни изнесувала близу 317,2 милионa денари (5,1 милијарди евра) што претставува годишен раст од 12,3 отсто.

Депозитите на нефинансиските субјекти се сѐ уште најзначајниот извор на финансирање на активностите на банките, со остварен квартален и годишен раст од 1,8% и 9,6%, соодветно.

Кредитната активност оствари квартална стапка од 3%,, односно годишна од 8,8% .

Учеството на нефункционалните кредити во вкупните кредити во вториот квартал бележи намалување од 9,4% на 9,3%.

„Иако сѐ уште не може да се извлече заклучок за подобрување на квалитетот на кредитното портфолио на банкарскиот систем, сосема извесен е фактот дека е прекинат процесот на негово влошување“, се вели во соопштеието.

Притоа се истакнува дека носител на ликвидносната позиција на банките  е високиот степен на стабилност на депозитната база на банките, како и постојаниот нагорен тренд на ликвидната актива.

По остварената загуба во првиот квартал од годината, на крајот на јуни  банкарскиот систем прикажа збирна добивка од 357 милиони денари (околу 5,8 милиони евра), што е за 140 милиони денари, односно за 28,2 отсто помалку во споредба со добивката остварена во првите шест месеци од 2010 година.

„Сепак, може да се очекува дека измените во регулативата за начинот на утврдување на минималната ликвидност позитивно  ќе влијааат врз профитабилноста на банките, со оглед на тоа што овозможуваат дополнителни расположливи средства на банките за пласирање во пласмани со повисок принос, особено кај приватниот сектор.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik